ЗДЕЛКА ВРЕДНА 1,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Michael Kors го купува Jimmy Choo
Објавено во: Свет 25 Јули, 2017
Американската компанија Michael Kors постигнала договор за купување на британскиот производител на чевли Jimmy Choo за 986 милиони фунти или околу 1,2 милијарди долари.
Чевларската марка беше предложена за продажба во април оваа година, откако нејзиниот главен сопственик - JAB Holding - одлучи да се откаже од бизнисот со луксузни стоки.
Jimmy Choo се познати по тоа дека биле омилена марка чевли на покојната британска принцеза Дајана, а исто така и на популарните хероини од серијата „Сексот и градот“.
За Michael Kors оваа зделка претставува можност за диверзификација на својот бизнис во услови кога пазарот на чанти бележи пад.