28 Март, 2024
0.0437

ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА: Груевски економски ја опустоши земјата, да одиме на нови парламентарни избори!

Објавено во: Анализа 28 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Здружената опозиција побара предвремени парламентарни избори во март, поради начинот, на кој, како што рекоа Владее власта, со притисоци, поделби, а воедно економски ја пустоши Македонија.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на премиерот Никола Груевски му порача дека не решил ниту еден проблем туку напротив, создал нови, а тоа, вели, може да се промени само на парламентарни избори. - Во нашата Mакедонија, додека сиромаштијата и невработеноста не се преполоват, ниту еден денар нема да се троши за непродуктивни трошци, нема споменици, фонтани, мебел. Додека народот тоне во сиромаштија, пари ќе даваме само за болници училишта и патишта. Приоритет број еден во нашата битка е за нови работни мести, секоја нова фирма ќе бида наша триумфална капија.  Сакам да упатам порака до бизнисмените – џабе ви е трудот и капиталот кога гледаме дека на секоја лага на премиерот мора да апладуирате, кога мора пред секој инспектор да се тресете. Ете толку сте раат Вие почитувани бизнисмени и ако е така нека ви е со среќа, ако не, тогаш  ајде заедно да се избориме за поинаква Македонија.
Груевци од патриотизмот направија профитабилен бизнис, а народот цело време го бранат, те од Брисел те од Грција . Колку повеќе го бранат тој повеќе тоне во беда, се повеќе личиме на Белорусија со Лукашенко, изјави Црвенковски. Кандидатот за градоначалник на Скопје Јани Макрадули рече дека ќе направи ревизија на проектот Скопје 2014, но дека нема да се уриваат градбите. -Денес Коце има пари за гусарски бродови и за друг забегани проекти, но сите нас ова злосторство не чини 500 милиони евра. Додека владее  сиромаштија и невработеност, Груевски одговори со уште поголемо крадење од панорамски тркала до златни гаќи. Јас се согласувам дека Скопје треба да има филхармонија, но не ни требаат криминални градби. Ние нема да правиме штета и да уриваме легални објекти како тоа што го направи Владата на Груевски со уривањето на „Космос“. Но, овие споменици се од парите на граѓаните и ние по победата на изборите ке спроведеме целосна ревизија на Скопје 2014 и ке бараме вистинска казна за ова злодело врз Скопје и Македонија, изјави Макрадули, додавајќи: - Скопје сега нема градоначалник, Коце е само потписник . Потписник на идеите на еден човек. Потписник на идеите на Груевски. Со тие потписи Коце ги задолжува граѓаните со скапи кредити. На Коце најдобар успех му е доручекот на Камени мост, слика за мизеријата во која живеат граѓаните. Јас ќе бидам Градоначалник, кој ќе ги обедини различностите , наместо златни огради и рингишпили ќе градам гасификација , ќе вложувам во образование, во спорт, вели Макрадули. Лидерот на ЛДП и кандидат за градоначалник на Центар Андреј Жерновски вели дека Груевски владее со режим во кој, се затвораат политички лидери и медиуми кои размислуваат поинаку од власта. - Затоа ние се здруживме , затоа овој сојуз ќе биде единствената опција за Македонија. Ова особено важи за општина Центар која веќе 13 години е во канџите на ВМРО ДПМНЕ. Токму во Центар е сконцентрирана идеологијата на Груевски и затоа победата наша ќе почне оттука . Погледнете како цел свет ни се смее за Скопје 2014 , како го нарекуваат Дизниленд, пералница на пари, проект за кој во светски медиуми пишува дека се потрошени и милијарда евра. Каде во светот се садат 3 дрвца кои чина четврт милион евра и на крај едно од нив наречно Надеж се исуши. Ова мора да се смени. Ние нема да рушиме споменици ако дојдеме на власт, но за секој споменик ќе ги прашаме граѓаните што мислат, ама ќе направиме и анализа како се потрошени, каде се потрошени парите за овој проект, рече Жерновски.
Дискутантите од говорницата им се обратија и на земјоделците, со ветување дека субвенциите ќе се зголемат, но парите ќе завршат на вистинското место, а не како што рекоа, кај  модерните феудалци кои од државата ги полнат сметките, а потоа земјата ја даваат само на работење на земјоделците. Опозицијата оцени дека субвенциите сега се социјална помош за голо преживување, а не вистинска помош за аграрот.
редакција ФАКТОР

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот