24 Април, 2024
0.0309

Зекири бара МВР да отвори истрага

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири кој тврди дека бил нападнат од обезбедувањето на екс шефот на УБК, побара МВР да покрене истрага за случајот.

Зекири посочува дека насилниците мора да одговараат пред правдата без разлика чии луѓе се.

Тој во изјавата пред медиумите вака ја опиша ситуацијата:

„Лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков вчеравечер вербално и физички ме

нападнаа. Мијалков седеше во кафулето Дион, каде што влегов јас со моите пријатели бидејки имавме резервирано маса.

Објектот е под видео надзор и сето ова што го зборувам полицијата лесно може да го утврди.

10-тина лица кои седеа на масата со Мијалков дојдоа до нас и побараа од мене да го напуштам местото, затоа што сум бил непожелен. Таму имало приватна забава. Никој никому нема право да му го попречува седењето,а посебно не кога веќе имавме резервација и не се работеше за никаква приватна забава. Откако им објаснив дека имаме уредно резервирано маса еден од нив познат на полицијата а и нам ја преврте масата и групата почна да не турка насила кон излезот. Додека траеше турканицата надвор од објектот еден од нив извади полициска легитимација и побара да се идентификувам. Додека ја вадев личната карта да му ја покажам друго лице отпозади ме нападна физички во пределот на главата. Случајот го пријавив во полиција.

Дополнително скандалозно е што полицаецот пред кој ја давав изјавата, не сакаше во извештајот да го напише името на Сашо Мијалков. Иако се работи за моја изјава пред полиција, на којашто има право како граѓанин“, тврди Зекири.

Поранешниот прв човек на УБК Мијалков пак ги демантираше овие информации и рече дека ќе поднесе тужба за навреда и клевета.

Можеби ќе ве интересира

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба