20 Април, 2024
0.0287

Зеленчукот во поплавените места ниту се јаде, ниту се откупува

Објавено во: Агробизнис 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Земјоделските производи од поплавените места во скопско не се откупуваат.

Директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трифуновски денеска изјави дека на земјоделските површини во поплавените подрачја најдена е мала количина земјоделски производи кои не се откупуваат.

Трифуновски информира дека се чекаат резултатите од  мострите земени од земјоделските површини од поплавените подрачја, кои очекува многу скоро да бидат објавени.

„Инспекторатот формираше неколку тимови кои ги поминаа сите населени места зафатени со поплавите. Констатирана е мала количина земјоделски производи коишто се останати на тие површини. Земени се неколку мостри за испитување и се уште ги чекаме резултатите. Меѓутоа на разбирање и на жителите и на сите оние откупувачи кои откупуваат од овој регион, овие производи не се откупуваат за продажба, ниту за конзумација. Потенцирам, се работи за многу мала количина што не би можела сериозно да влијае на зелените пазари“ - вели тој.

И претходно надлежните на граѓаните од овие населени места им советуваа дека зеленчукот и овошјето не треба да ги конзумираат за да нема несакани ефекти.

Дел од домаќинствата во овој реон живеат од земјоделска дејност.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари