Земан е убеден дека за Турција нема место во Европа
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Чешкиот претседател Милош Земан изјави денеска дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган со своите изјави за нацисти во Европската Унија потврдува дека за Турција нема место во Европа.
Земан вели дека Ердоган, кога ќе го изгуби единствениот адут, трите милиони бегалци и отворањето нова „балканска рута“ повеќе нема да може да ја уценува Европа.
„Неодамна видов карикатура на која цела Европа беше покриена со натпис „Тука се нацисти“. Според содржината тоа е бесмислица, но карикатурата го покажува пристапот на Ердоган. Мислам дека таквиот начин на комуникација е несреќен, и дека само го потврдува мојот долгорочен став дека на Турција не ѝ е местото во ЕУ“- рече Земан на прес конференција во Простејов.
Чешкиот претседател оцени дека Ердоган има еден единствен адут во раката со кој ја уценува ЕУ.
Според него, Ердоган нема да може да ја уценува ЕУ ни со финансиски барања ни со укинување на визите.