Земја каде над 60% од работниците сакаат да ја сменат работата
Објавено во: Економија 19 Мај, 2017
Околу 63% од Американците, вработени во средни компании се подготвени да го сменат работното место.
Тоа покажува истражувањето за 2016 година, спроведено од ADP Research Institute, соопшти Bloomberg.
Додека зголемувањето на платата за 13% би било поттик за промена на работното место, 46% од вработените велат дека попрво ќе бараат друга работа, дури и со иста плата или помалку, но при можност за подобро професионално напредување.
Работодавците кои се соочуваат со тешкотии во пронаоѓањето на соодветни кадри, исто така е неопходно да се фокусираат повеќе на задржувањето на работната сила со оглед на ниското ниво на невработеност од 2007 година.
Новите работни места достигнуваат 8-месечен врв во март, а во април уделот на малите компании, кои имаат тешкотии при пополнување на новите работни места е на највисоко ниво од 2000 година.