19 Април, 2024
0.0258

Земјоделците деновиве треба да ги добијат субвенциите

Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела. 

Ова ќе следи откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција, Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), поврдуваат дека Антикорупциската комисија веќе даде позитивно мислење за реализација на финансиската поддршка, средствата се обезбедени. Останува уште Златков да го депонира потписот во Централен регистар.

И производителите потврдија дека добиле ваква информација од МЗШВ поради што, велат, средбата што требаше да се одржи денеска со ресорниот министер Михаил Цветков, е одложена.

Исплатата на субвенциите беше запрена по последните парламентарни избори поради различното толкување на Изборниот законик. За надминување на проблемот, МЗШВ изготви предлог-измени, но на владината седница на која тие се разгледуваа, беше заклучено Антикорупциската комисија да се произнесе околу можноста за реализација на поддршката откако ќе ги согледа сите законски решенија кои го регулираат овој процес.

Субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни годинава, а за оваа намена  се обезбедени 100 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари