24 Јули, 2017
0.1658

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА: Или субвенции, или протести

Објавено во: Агробизнис 14 Март, 2017

Ако до петок не се исплатат субвенциите, земјоделците ќе протестираат идната недела. 

Ова го најавија од Здруженијата на земјоделци по средбата со министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Тие  се незадоволни затоа што субвенциите законски требаше да ги добијат минатата година. Од Здружението сметаат дека нема законска пречка за нивна исплата.

„Доколку тоа не се случи, ние ќе се собереме пак овде во понеделник и ќе донесеме конечна одлука која може да биде непопуларна, но мора да застанеме и еднаш засекогаш да го решиме проблемот на земјоделците“  – вели Љупчо Аризанков од Здружението на лозарите „Агротиквешија“. 

Во спротивно, од Сојузот на синдикатите на земјоделците велат дека Владата и државата ќе се соочат со проблеми како во соседството. Земјоделците се жалат дека немаат пари да ја почнат пролетната седиба.

Министерот Цветков како и што изјави претходно очекува реакција од Владата и Антикорупциската комисија  кои треба да дадат мислење за тоа дали во овој период може да се исплаќаат субвенциите затоа што како што рече, и субвенциите се опфатени со изборниот законик.

Инаку за субвенциите се предвидени и обезбедени 100 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

Најзагрозените земјоделци кои имаат проблеми со откупот на лубеници ќе имаат приоритет

Најзагрозените земјоделци кои имаат проблеми со откупот на лубеници ќе имаат приоритет