18 Август, 2017
0.1376

Земјоделска реколта 2017 почна, исплатата на субвенции ќе ја чека новата Влада

Објавено во: Агробизнис 05 Март, 2017

Барањето за измени во Изборниот законик со што ќе се овозможи исплата на субвенциите за земјоделство ќе биде ставено на седница на Влада следната недела, вели за Фактор министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

„Предлогот за измени е субвенциите да не се исплаќаат 20 дена пред избори, а не како досега 40 дена пред избори па сè до формирање нова Влада. Собранието мора побрзо да заседава и да се дефинира новиот состав и доколку сака да помогне на земјоделците клучот е кај нив“, вели Цветков.

Но и за да прифатат и применат измените потребно е конституирање на Собранието, нешто што засега останува неизвесно кога ќе се случи. Дотогаш исплатата на субвенциите останува стопирана. Дел од земјоделците велат дека ваквото барање е само манипулација и прашуваат зошто претходно не се вршеше интензивна исплата нз субвенциите кога беше познато дека ќе има предвремени парламентарни избори и сега локални. Во меѓувреме пред самиот старт на новата земјоделска сезона, земјоделците без пари ќе мора да го почнат производството.Токму во овој период субвенциите им се најпотребни на земјоделците. Се подготвува садењето на раноградинарските култури под пластенци, се врши заштита на лозовите и овошните насади. Земјоделците се револтирани што токму сега кога требаше веќе да ги имаат добиено субвенциите, новата земјоделска реколта ќе ја почнат без пари.

„ Сега го подготвуваме расадот за доматите, краставиците, зелената пиперка и индустриската пиперка. Исплатата на субвенциите е сеуште стопирана, а нас тие пари сега ни се најпотребни. Семињата се поскапени, дел од земјоделците имаат штети во конструкциите на пластениците од снегот, за се тоа треба пари. Годинава има и локални избори значи пак ќе стопираат со исплата и кој знае кога ќе ни ги исплатат. Нас тие субвенции ни се потребни за производството, да се покријат веќе направените трошоци“, вели Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделци.

Во лозарството и овоштасртвото во овој период е потребно да се изврши заштита на насадите. Земјоделците велат заштитните средства не само што се скапи туку се и неквалитетни, поради што се принудени да ги прскаат насадите и по неколку пати, што пак крајно влијае врз зголемување на производствените трошоци кои во нормални услови би ги компензирале со субвенциите. Исплатата на субвенциите е стопирана околу пет месеци. Ова е втор пат за седум месеци да се стопира исплатата. Првиот пат лани кога се закажаа па се одложија предвремените парламентарни избори во јуни, а потоа поради изборите кои се одржаа на 11-ти декември минатата година.

„Ако исплатата на субвенциите се одвиваше навреме, досега ќе беа исплатени најголемиот дел од земјоделските субвенции и немаше да има ваква состојба во која земјоделците се најголемите губитници. значи земјоделците се жртви на перфидното тактизирање на власта, да им ги исплаќа субвенциите само пред избори. И да има пари во буџетот власта намерно не им ги исплаќа за да може со нив да ги корумпира пред избори“, вели поранешната пратеничка Ленче Николовска.

Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, од Програмата за 2016-та исплатен е тутунот, дел од поледелските култури, дел од лозовите насади, млекото и штетите од поплавите во вкупна сума од  34,1 милиони евра. Инаку вкупната сума за директна поддршка на земјоделството за 2016 година изнесува 89,7 милиони евра. Од агенцијата посочуваат дека поради изборите и исчекувањето на формирање на нова Влада не се во можност да извршат исплата ниту пак да го почитуваат календарот за исплати.

Со Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2016 година, првично беа планирани 102,7 милиони евра, но потоа со ребалансите на Буџетот, сумата се скуси на 89,7 милиони евра. За оваа година за директни плаќања се предвидени од 99,4 милиони евра. Податоците покажуваат дека освен во 2008 и во 2009 година кога целата планирана сума била исплатена, во годините подоцна реализацијата е помала од планот.

Т.С.


Можеби ќе ве интересира

Економисти направиле одличен бизнис, извезуваат во странство

Економисти направиле одличен бизнис, извезуваат во странство

МЗШВ даде согласност за враќање на делумна забрана за движење во шуми, целосната забрана останува само за Македонски Брод и Чашка

МЗШВ даде согласност за враќање на делумна забрана за движење во шуми, целосната забрана останува само за Македонски Брод и Чашка

Николовски најави дека месецов сите земјоделци ќе ги добијат субвенциите

Николовски најави дека месецов сите земјоделци ќе ги добијат субвенциите

Овие мерки се преземени од МЗШВ за справување со пожарите

Овие мерки се преземени од МЗШВ за справување со пожарите

ХРВАТСКА ПОПУШТИ: Еве под кои услови ќе може да се извезува овошје и зеленчук

ХРВАТСКА ПОПУШТИ: Еве под кои услови ќе може да се извезува овошје и зеленчук

ОВА ОВОШЈЕ Е ПРОФИТАБИЛНО: Можете да заработите и по 30.000 евра

ОВА ОВОШЈЕ Е ПРОФИТАБИЛНО: Можете да заработите и по 30.000 евра

Објавени два јавни повика за Програмата за рурален развој

Објавени два јавни повика за Програмата за рурален развој

Николовски разговараше со хрватскиот колега - има ли решение?

Николовски разговараше со хрватскиот колега - има ли решение?