Земјотрес ги разбуди жителите на Килкис
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2016
Нов земјотрес утрово е почуствуван во соседна Грција.
Потресот се случил во 6:30 часот. Земјотресот бил со јачина 3,7 степени по Рихтер, во близина на градот Килкис, Северна Грција. Епицентарот бил на длабочината околу 10 километри. Вчера земјотрес од 4,8 степени по Рихтер е почувствуван во Северна Грција. Земјотресот од вчера е почувствуван и во Струмица во Македонија.
Утрово повеќе земјотреси имало во западна Турција и централна Италија.
Тоа се земјотреси со јачина од 2 па се до 3.8 степени.