Земјотрес го стресе Белград, потреси и во други земји
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2016
Се стресе и Белград утрово, а потресот бил со јачина од 2,7 степени по Рихтер.
Тој е регистриран во 3.28 часот, на 30 км од главниот град на Србија. Потресот бил на длабочина од 358 км.
Земјотрес имало и во Грција, при што потресот бил со јачина од 2,7 степени.
Повеќе потреси се регистрирани и денеска во Италија, како и во Турција.
Во централна Италија имаше потреси од 2.5 па се до 3.2 степени.
Дваесетина земјотреси имало денеска во различни земји.