ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе град во соседството
Објавено во: Балкан 29 Август, 2017
Земјотрес со интензитет од 3,6 степени е регистриран во Грција во 6.16 часот денеска, објави веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 45 километри источно од Солун и на 23 километри северно од Полигирос, на длабочина од 7 километри.
Нема податоци за причинета штета.
Утрово земјотреси имаше во Романија, Турција, Кипар и други земји.