Земјотрес во Јанина, Балканот со серија потреси
Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2016
Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Јанина, во северозападниот дел на Грција, пишуваат грчките медиуми.
Тој се почувствувал во регионот на Епир, Крф и Лефкада. Потресот е регистриран околу половина час по полноќ, на длабочина од 10 километри. Грчката сеизмолошка агенција соопшти дека се работи за повратен потрес и дека нема причина за паника кај населнието.
Пред пет дена, земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди регионот на грчко-албанската граница, а епицентарот се наоѓал на 12 километри северизападно од градот Јанина. Тогаш жителите преноќија на отворено поради страв од земјотресот.
Денеска освен во Грција, земјотреси имало и во Турција и во Италија.
Вчера потреси имало во делови на Грција, Турција, Италија и Албанија.
Последниов месец на Балканот потреси имаше и во Хрватска и Босна.