Земјотрес во Ливно го стресе и Сплит
Објавено во: Балкан 13 Март, 2017
Потрес од 4 степени според Рихтеровата скала утрово го зафатил подрачјето на Ливно, Босна и Херцеговина.
Земјотресот е почувствуван во 2.31 часот. Тој бил на длабочина од околу 5 километри.
Според податоците на Сеизмолошкиот завод на република Српска, земјотресот во епицентралното подрачје бил со јачина од 5 до 6 степени според Меркалијевата скала.
Бидејќи во близина на епицентарот е хрватската граница, земјотресот е почувствуван во Далмација, најмногу во делот околу градот Сплит. Засега нема податоци за штети.