Земјотреси во Бугарија, се стресоа Велико Трново и Чирпан
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2017
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала на полноќ е почувствуван кај Велико Трново во Бугарија.
Епицентарот се наоѓа на 19 километри од градот. Потресот бил на длабочина од 2 километри. Тој се случил точно две минути по полноќ.
Земјотресот ги вознемирил жителите на овој и околните градови. Засега нема информации за евентуални штети.
Потресот е почувствуван сосема слабо во Русе.
По Трново имаше мал потрес и во Чирпан. Земјотресот бил со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала.