19 Април, 2024
0.0328

ЖЕНА ТАКСИ ВОЗАЧ: Сакам возење, супер ми е и добивам многу пофалби

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Жените рамо до рамо можат да бидат такси возачи како и мажите.

Куманово е град каде има неколку жени такси возачи. Лидија Зафировска од овој град, по професија текстилен техничар  веќе 7 години работи како такси возач во компанијата „Де Лукс“. Вели дека отсекогаш сакала да  работи нешто што е поврзано со возење, засега е задоволна од она што го работи и нема намера да ја менува професијата.

„Се одлучив да возам такси затоа што многу сакам возење. Сите работи ми биле поврзани со возење и сама сум си газда на себе. Во почетокот  чудно ме гледаа, некои не ме ни препознаваа дека сум женско, а сега веќе се навикнаа. Некои прашуваат „Нели ти е страв да возиш“, други „Алал да ти е, така треба“,  „Браво, жените се повнимателни во сообраќај“. Имам доста пофалби. Имам и жени патнички кои сакаат да се возат со мене, кога ќе ме видат кај комитет веднаш се качуваат.  Интерес од други жени има многу слабо, сите прашуваат, но не може секој да се нафати, нема срце секој ова да го работи“ – вели Зафировска.

Возела и на подолги релации во Бугарија, Србија, Грција, до Јонско море, до Фурка.  Зафировска вели дека досега немала некоја непријатна ситуација, а  имала анегдоти и интересни ситуации.

„Мешаат луѓето и не знаат дали сум машко или женско. Некои чудно ме гледаат, некои ќе прашаат, им кажувам дека сум женско и потоа има пофалби. Интересно е. Не се опишува тоа. Некоја мјака ќе му рече на детето „Кажи чао на бато“, а друга „Кажи чачо на дадичката“ и јас цел ден не знам што слушам. Повеќе возам дневна смена и супер ми е. Летно време кога е топло и во денови кога врне има многу работа“ – раскажува Зафировска.

Таа ги поседува сите лиценци и сертификати за јавен превоз и е типичен пример за тоа како една професија се работи со љубов и посветеност.

Сања Атанасовска


Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо