24 Април, 2024
0.1607

ЖЕНСКИ МУАБЕТ СО ЕДИНА МУСА, КОШАРКАРКА И ФИТНЕС ШАМПИОН: Сексапилот ми е само плус

Објавено во: Стил 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Кошарка игра од шест години, а фитнес тренира од 18 години. Убавата Едина Муса, за своите 26 години може да се пофали со светски успеси во двата спорта. Најтазе и е оној од Франција, на светското првенство во бикини фитнес (2017 IFBB World Fitness Championships), кое се одржа на почетокот од декември во Бијаритс, Франција. Оттаму Едина се врати со освоено 12-то место. По осум месеци пауза, шармантната бикини фитнес шампионка минатата недела го направи и својот кошаркарски камбек. На 27 јануари, таа повторно ќе заигра во женскиот КК „Вардар“. За својот сексапил и за сексапилот на секоја жена, вели дека може да биде само плус, но она во што најмногу верува се трудот и талентот. Низ провокативна фотосесија во која вели дека уживала, Едина е една од дванаесетте убавици во календарот на компанијата „Пелистерка“.


„За мој најголеми успех во кошарката го сметам тоа што играв во Америка во колеџ лигата НСАА. Таму настапував за Универзитетот „Линколн Меморијал“, четири години. Потоа се вратив во Македонија, и горда сум што речиси десет години играв за женската македонската кошаркарска репрезентација, и имам освоено доста награди со неа.“, изјави Едина за „Женски Магазин“. Нејзин нов шампионски предизвик и страст е фитнесот, поради кој извесно време паузира во кошарката.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган