28 Март, 2024
0.0280

Жерновски ја запре изградбата на улица на кеј, од Град Скопје прашуваат каде тој е градоначалник

Објавено во: Македонија 19 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Запрени се градежните активности на шеталиштето на кејот 13 Ноември.

Инспектор од Општината Центар им издал усна наредба на работниците кои утринава заградиле двојно поголем простор и ги извадиле плочките од патеката во должина од 50-тина метри. 

Угостителите и денеска се собраа во знак на револт од намерата двонасочна улица да поминува пред нивните објекти. 

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во писмен допис вели дека во постоечкиот ДУП за Мал ринг на тоа место нема предвидено улица туку подземна сервисна улица. 

„Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот ДУП - никаде не постои. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на Телеком, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП“- стои  во соопштението на Жерновски. 

Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека изградбата на оваа пристапна улица со посебен сообраќаен режим е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар во 2012 година, а истата ја гради приватен инвеститор.

„Господине Жерновски на која општина сте вие градоначалник? Дали си ги познавате ингеренциите. Што правевте четири години? Да ви повториме! Доколку не ви се допаѓа планот зошто не го сменивте? Дали стоите на зборот дека посочената сообраќајница е подземна во ДУП-от е подземна како што велите и доколку е така дали сакате истото да го докажете пред судските органи?“ - наведуваат од Град Скопје. 

Повторуваме , Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради, додаваат оттаму. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија