Добивај вести на Viber
Нето профитот на американскиот банкарски гигант Ситигруп скокна во првото овогодишно тромесечје за една третина во однос на истиот период лани, како резултат на поголемите приходи и помалите кредитни загуби.
Ситигруп, благодарение на приходите од 20,5 милијарди долари, оствари нето добивка од 3,8 милијарди долари, што е пораст од 2,9 милијарди долари од истиот квартал лани.
– Во текот на овој квартал, постигнавме подобрување благодарение на силните резултати во работењето, продолжувањето на растот на кредитите и депозитите во Ситигруп и поволното кредитно опкружување – изјави извршниот директор на банката Мајкл Корбат