19 Април, 2024
0.0267

По повод месецот на штедење - есенска промоција на Депозит Прогрес во Охридска банка Сосиете Женерал

Зголемени, растечки и гарантирани каматни стапки за денарски депозити на 12, 24 и 36 месеци

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Охридска банка Сосиете Женерал подготви атрактивна понуда за своите клиенти кои сакаат да штедат во денари. Имено, од денеска па се до 26-ти ноември 2016 г., клиентите кои ќе ја одберат опцијата Депозит Прогрес добиваат одлични услови за штедење во денари, односно зголемени растечки и гарантирани каматни стапки согласно избраниот период на штедење.

Депозит Прогрес во денари е производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал кој на клиентите им нуди можност за избор на различен рок на депозит, гарантирани и фиксни каматни стапки, кои во зависност од периодот на орочување на средствата, прогресивно растат по периоди: за средства орочени на 12 и 24 месеци, каматните стапки растат во четири периоди на секои 3 односно 6 месеци, додека за средства орочени на 36 месеци, каматните стапки растат во шест периоди, односно на секои 6 месеци.

Со новата понуда, каматните стапки на денарскиот Депозит Прогрес се зголемени, па така, клиентите кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка во последниот период  до 4%. Клиентите пак, кои ќе ги орочат своите средства во денари на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка до 4,50% во последниот период на орочување.  Следствено на тоа, за денарски депозити на 36 месеци, на крајот од периодот клиентите ќе добијат каматна стапка до 4,75 %.

Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност.

Дополнително, на клиентите им е на располагање и уникатната услуга на пазарот за осигурување на депозит - Депозит Плус Осигурување, која им овозможува за 2 ЕУР месечно да го осигураат својот денарски депозит.

Есенската промоција во Охридска банка Сосиете Женерал е достапна за сите нови депозити во денари. 

Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk и во сите експозитури на Охридска банка Сосиете Женерал. 

Можеби ќе ве интересира

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024