20 Април, 2024
0.0283

Зголемете ја Интернет продажбата до три пати

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Интернет маркетингот е брзорастечки тренд, но и потреба во светски и домашни рамки. Станува збор за маркетинг кој е дел од еден покомплексен маркетинг микс кој треба подобро да се разбере и добро да се менаџира со цел генерирање на резултати. 

Сведоци сме дека доста компании се рекламираат на Интернет, но дали е доволно само да се активни на Интернет и на социјалните мрежи и тоа да се нарече маркетинг?
 
Компаниите и агенциите кои ги следат трендовите знаат дека во делот на Интернет маркетингот содржината е доста важен аспект на кој треба да се обрне внимание, а со зголеменото  ширење на информациите како  и конкурентноста на ова поле, време е бизнисите да се посветат и на персонализиран пристап кон своите корисници со цел да ја придобијат нивата лојалност.

Генерално земено, онлајн присуството може да е добро за еден бизнис,  меѓутоа напорите кои еден бизнис ги вложува во својот маркетинг треба да се исплатливи, а не да се насочени само кон ‘’грубо целење кон метата’’ без суштински истата да е погодена.

Следејќи ги светските трендови, од првата интернет маркетинг агенција основана во нашата држава -Nova Solutions, посочуваат дека една од најдобрите стратегии за продажба за бизнисите е да се отпочне со маркетинг кој ќе ги опфаќа постоечките клиенти кои ги има самиот бизнис. Врз основа на своето повеќегодишно  искуство во маркетингот и продажбата, агенцијата креира две нови услуги кои ќе бидат достапни на македонскиот пазар за интернет маркетинг услови - Ремаркетирање и Мерење на конверзиите во рамки на продажната инка.

Секој бизнис кој се рекламира на социјалните мрежи цели кон градење на прилагодена публика од постоечки и идни потрошувачи. Добивањето на нови потрошувачи е потешко и затоа задржувањето на постоечките и насочување на продажбата на нови производи и услуги кон нив е прва појдовна точка во една стратегија за онлајн продажба. Зошто е тоа така?

Да ја разгледаме аналогијата на љубовните состаноци за пример. ‘’ На вториот состанок би биле поопуштени, покомуникативни, повеќе би се отвориле кон партнерот отколку на првиот состанок на ‘’слепо’’. Првите состаноци се застрашувачки и веројатноста да се неуспешни е поголема. Истото се однесува и на рекламирањето.’’

Доколку некој го посетил вашиот сајт, ги разгледувал вашите содржини, се задржал на одредени категории на производи подолго еднаш, па и повеќе пати, шансите за интеракција на овие корисници со вашата реклама како и можностите за купување се поголеми отколку оние кога лицето за прв пат се сретнува со вашиот бренд на Интернет.

Затоа се почесто се среќаваме со реклами кои изгледаат како да не следат на Интернет.
 
Дали ви се случило по пребарување на одредена страница еве да земеме пример - македонска онлајн продавница за чевли. Сте ги гледале моделите, сте се задржале на категоријата машки елегантни чевли, и од тој ден рекламата за купување на елегантни чевли од одредениот бренд кој сте го гледале на веб страната започнала да ве следи на различни веб сајтови па и на Facebook. Сигурно ве поттикнала да размислувате па и да купувате од таа продавница таков или сличен модел.

Во случајот станува збор за ремаркетирање. Брендот се обидува да ви понуди и втор, па и трет љубовен состанок и го прави тоа со понуда скроена според вашите потреби (елегантни машки чевли кои можеби ќе ги носите на следниот важен настан на кој треба да присутвувате).

Ремаркетингот е нова услуга во Nova Solutions затоа што како што посочуваат и самите помага во зголемувањето на можноста за вклучување на следбениците до три пати повеќе за разлика од онаа на обичните реклами на Facebook.
 
Со ремаркетинг се овозможува  следење на  посетителите кои на сајтот на брендот разгледувале одредени производи/услуги и во исто време од тие посетители (доколку имаат и свој  профил на Facebook) ќе се овозможи собирање на дополнителни информации со чија помош на брендовите ќе им биде овозможено поспецифично да ги таргетираат нив но и на нив сличните корисници,  односно директно на овој начин се прави сегментација на купувачите според нивните намери.

Доколку ‘’таргетирате’’ лица кои ги споделуваат заедничките интереси со вас сигурно и хемијата помеѓу вас на љубовен состанок би била поголема зар не?

Мерење на конверзиите во рамки на продажната инка (Sales Funnel & conversion measurment)

Втор исто така многу важен момент кога се зборува за онлајн продажбата е мерењето на конверзиите. Многу често се занемарува мерењето на успешноста на една кампања, а уште почесто, податоците од тие направени мерења не се користат во пракса за оптимизирање на продажниот процес за брендот.

Што е мерење на конверзии?
 
Услугата на Nova Solutions за мерење на конверзиите (склучени продажби) во рамки на продажната инка (Sales funnel), е сличен со услугата на ремаркетирање, меѓутоа опфаќа детална аналитика на сите посетители/купувачи на вашата веб страна.

Со поставување на системот на мерење на конверзии, ќе добивате точни информации за тоа каде се прават продажбите и кои канали на продажба донесуваат продажба, а кои не. На ваков начин на поставување на системот за мерење на конверзии, Вие имате комплетна слика за вкупните маркетиншки активности. Без разлика дали се работи за продажба на производи/ услуги /едукација или само за собирање на контакти – мерењето на конверзиите во продажната инка е од есенцијална важност за секој бизнис.

Кога стануваше збор за љубовниот состанок колку бил тој успешен ќе измерите на тој начин што на ‘’кантар’’ ќе ги ставите нештата кои ви се допаѓаат кај лицето, нештата кои не ви се допаѓаат, што лицето може да ви понуди и дали сте спремни за втор, трет состанок па и лојална врска.
 

Фокусирајте се на ‘’старата добра’’ продажна инка- интернет продажбата функционира на тој принцип. Наместо од 100 потенцијални потрошувачи со филтрирање да добивате само 1 потрошувач, со помош на мудра стратегија кога ќе дознаете од каде доаѓаат и зошто доаѓаат вашите купувачи веќе сте подготвени да ги привлечете во поголем број нив но и на нив сличните купувачи и кон нив да ја целите својата стратегија наместо бесполезно да ‘’гаѓате непостоечка мета’’.

комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга