ЗГРАДИ БОМБИ: Уште 600 солитери може да ги снајде иста судбина како Гренфел
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2017
Околу 600 згради може да се соочат со она што се случи во Гренфел, пишува Скај њуз.
Тестови се направени во најмалку три блокови од згради во Велика Британија.
Планирани се уште стотина нови проверки.
Детали за ризични згради ќе бидат откриени по информации од жителите.
Дневно се тестираат по 100 солитери, а резултати се добиваат за неколку часа.
Во пожарот во Гренфел загинаа 79 луѓе.