Добивај вести на Viber
Железници на Србија на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД)последните три години платија казнени пенали и провизија во износ од околу 2 милиона евра, соопшти компанијата.
Причината за казнените пенали е во тоа што компанијата ни до денес не ги реализирала двата кредита од ЕБРД од 200 милиони евра за набавка на нови електромоторни возови и повеќесистемски локомотиви, за модернизација и механизација на пругата на Коридор 10, вели генералниот директор Драгољуб Симоновиќ.