19 Април, 2024
0.0276

Жени навалете – Ова се најбогатите ергени во светот

Објавено во: Стил 08 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

1. Пол Ален (60) – 15,3 милијарди долари Ален живее во Мерсер Ајленд, Сиетл, но неодамна купил вила со осум соби од 27 милиони долари во Атертон. Становите во еден од градовите од Силиконската долина се најскапи во САД. Покрај Ален, во Атертон живее и претседателот на Гугл, Ерик Шмит, директорката на компанијата НР Мег Витман, и основачот на брокерската куќа Шваб, Чарлс Шваб. 2. Џорџо Армани (79) – 10.9 милијарди долари Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани, кого го нарекуваат „најзакоравениот ерген во светот на модата“, има богатство во нето вредност од 11 милијарди долари. Креаторот, кој покрај линија за висока мода има и синџир хотели и колекција парфеми, во април следната година полни 80 години. 3. Михаил Прохоров (48) – 9,3 милијарди долари Михаил Прохоров е руски милијардер и сопственик на тимот од НБА лигата Бруклин Нетс. Овој тајкун го зазема 69-тото место на листата на најбогати луѓе на светот на Форбс. 4. Хавиер Нил (46) - 8 милијарди долари Магазинот Форбс го наркеува „француски крал на интернетот“. Неговата компанија Илијад е матична куќа за компаниите за телекомуникации Free. Минатата година, Нил лансирал мобилна широкопојасна мрежа наречена Free Mobile. Тој е и еден од сопствениците на францускиот весник Монд (Свет). 5. Дејвид Гефен (70) – 6,6 милијарди долари Гефен е американски бизнисмен и соосновач на компанијата Dreamworks Animation SKG, која ги произведува најпознатите анимирани филмови. 6. Маркос Мера (42) – 5,7 милијарди долари Го наследил богатството на својата мајка Розалија Мера после нејзината смрт во август. Мера важеше за најбогатата жена на светот која го стекнала богатсвото на својот сопруг, откако станала соосновач на шпанскиот моден бренд Зара. Нивната семејна компанија е Rosp Coruna Participaciones Empresariales. Сестрата на Маркос, Сандра Ортега Мера наследила повеќе од 90 отсто од богатството на мајка си и станала најбогатата жена во Шпанија. 7. Скот Данкан (53) – 5,3 милијарди долари Наследникот на Ден Данкан, сопственик на компанијата за производство на гас и сирова нафта Enterprise Products Partners, и неговите три сестри ги собираат плодовите од скокот на вредноста на оваа енергетска комапнија. 8. Андреас вон Бехтолшајм (58) – 4,4 милијарди долари Овој Германец е еден од основачите на компанијата Сан Мајкросистемс, и претседател на компанијата за компјутерска мрежа Ариста Нетворкс. 9. Алехандро Санто Доминго Давила (36) – 3,9 милијарди Дипломецот на универзитетот Харвард е втор најбогат човек во Колумбија. Во 2011 година од покојниот татко Хулио ја наследил компанијата Санто Доминго, која има акции во многу претпријатија, како на пример, пиварата SABMiller. 10. Чарлс Бат (75) – 2,9 милијарди Чарлс Бат е претседател и генерален директор на компанијата за трговија со продукти H.E. Butt Grocery од Тексас.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган