29 Март, 2024
0.0252

Жените донесуваат подобри деловни одлуки од мажите

Објавено во: Стил 13 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Иако повеќето мажи би ставиле рака во оган тврдејќи дека жените не можат да се мерат со нив кога се во прашање деловните обврски, резултатите од едно истражување го покажуваат спротивното.

Неодамнешното истражување покажа дека жените во деловните кругови не служат само за позирање, туку освен што можат да им парираат на мажите на највисоките позиции, тие имаат способност и да ги надминат.

Истражувањето, спроведено меѓу 600 директори од двата пола, покажало дека жените се поправедни во одлучувањето, што придонесува за поуспешна работа на компанијата во која се вработени.

Додека мажите на директорските позиции имаат тенденција при важните одлуки да се раководат од правилата и прописите, жените значително помалку се органичуваат и се пофлексибилни. Тие за разлика од мажите сакаат да се потпрат на соработката и договорот.

Крис Барт, професор по стратешки маркетинг на Мек Мастер Универзитетот во Канада, смета дека да се има жени на високи позиции во компаниите повеќе не е работа на правата, туку мудар избор.

Професорот Грегори Меквин додава дека жените имаат склоност да видат повеќе можни решенија, што е особено важно кога треба да се земе предвид мислењето на повеќе страни.