25 Април, 2024
0.0414

„Жито Лукс“ со раст на продажбата за 5% во 2012 година

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Компанијата за производство на леб, брашно и бели пецива “Жито Лукс“, 2012 година ја заврши со раст на приходите од продажба и намалена загуба. Според финансискиот извештај објавен на Македонската берза компанијата во 2012 година за 5% ги зголеми приходите од продажба на вкупно 22 милиони евра. При тоа продажбата на странски пазар бележи раст од 26%. Според образложението од компанијата, и покрај добрите резултатиод оперативно работење од својата основна дејност, “Жито Лукс“ забележа загуба во своето работење. “Во текот на 2011 година, компанијата оствари зголемени останати оперативни приходи воглавно од оттуѓување на основни средства. Тоа не беше случај во 2012 година, поради што е забележано намалување на останатите приходи. И покрај подобрениот резултат од оперативно работење од основната дејност, намалувањето на останатите приходи резултираше во загуба пред оданочување во износ од 37.797.000 денари“, се забележува во коментарот на остварените резултати на компанијата за минатата година. Во текот на минатата година, во споредба со истиот период минатата година, Друштвото евидентираше зголемени приходи од продажба за 5% и тоа на  домашен пазар приходите се зголемени приходи за 4% како резултат на зголемена продадена количина на леб за 4,6% и поголем обем на продажба на брашно за 16,4%, додека на странските пазари приходите беа зголемени за 26%. Оваа година компанијата се соочила со радикални поскапувања на енергенсите, поконкретно, цената на гасот се зголеми за 30,3 отсто, а на горивото за 7,8% во однос на минатата година. Овие зголемувања влијаеа негативно врз производствените трошоци и не дозволија подобрување на бруто профитната маржа повеќе од 1%, се вели во образложението на компанијата. Како резултат на дезинвестирањето од непрофитабилниот бизнис и подобрени активности преку фокусирање на главната дејност: производство на леб и брашно, Друштвото постигна намалување на останатите оперативни расходи за 6% споредбено со минатата година. Целта на компанијата за следната година е континуирано подобрување на оперативната добивка и остварување на позитивен финансиски резултат  

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan