18 Април, 2024
0.0291

Живот во луксуз, колку заработуваат автомобилските „босови“?

Објавено во: Стил 03 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Несомнено дека многумина се прашуваат колку заработуваат автомобилските босови, дали тие се меѓу најплатените и како ја надминуваат кризата во оваа сфера? „Toyota Motor Corp“. има сериозна маргина во добивката поради наметнатиот режим на штедење и ефикасност на целиот обем на работа. Тоа се гледа дури и во платата на внукот на основачот на компанијата и нејзин шеф, Акио Тојода. Додека компанијата генерираше најголем профит минатата година меѓу петте најголеми автопроизводители во светот, 57-годишниот претседател има најниска плата од своите колеги во групата, добивајќи околу десет пати помала од онаа на најдобро платениот си колега! Toјода успеа да ја „врати“ фирмата по серијата брутални скандали и процеси во САД, потоа од штетите од земјотресот и цунамито во Јапонија, на првото место како производител во светот. Компанијата истакна зголемување од 28% годинава, во доларски  еквивалент, при затворањето на берзата во Токио на 24 јуни. За споредба - Volkswagen AG има пад од 11% оваа година, GM е сo пораст од 12%, Daimler AG е на плус 11%, Ford Motor Co. на 18%. Платата на Тојода за минатата 2012 изнесувала 184 милиони јени( 1,9 милиони долари), што е зголемување од 35% во однос на 2011, според податоците на Јапонскато Министерство за финансии. Зголемената добивка на брендот обезбеди највисоки бонуси за работниците од 2008 година. Aлен Мјулали, првиот човек на Ford, е најдобро платениот меѓу петмината шефови со годишна заработка од 21 милион долари во 2012, според податоците на Bloomberg. Мартин Винтеркорн, CEO на VW добил 14,5 милиони евра( 19 милиони долари), Дитер Цетче, шефот на Daimler, 8,15 милиони евра и Дан Акерсон од GM остварил на име плата за минатата година 11 милиони долари. Шефот на Nissan Motor Co. Карлос Гон, кој е меѓу највисоко платени шефови на јапонски компании, добил за својот труд во 2012 - 988 милиони јени (10 милиони долари), што е сосема мал пораст од 1 милион јени, во споредба со неговата плата за 2011. Ова, сепак, не значи дека Тојода е сиромашен! Тој е сопственик на 0,13% на акциите на производителот, чија вредност е 256 милиони долари и тоа му дава право на дивиденда за минатата година од  4.2 милиони долари, исплатени во април. Во исто време Тојода одби да добие бонуси на плата во 2010, поради скандалот со рекламации за над 8 милиони автомобили во светот. Преземено од Автоплус

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре