25 Април, 2024
0.0259

Животниот век на човекот го достигнал својот максимум

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Денес луѓето живеат подолго од било кога, а зголемувањето на просечниот животен век се случило со побрзо темпо од очекуваното. Изненадување за научниците е дека тоа се должи, речиси целосно, на подобрување на средината и условите за живот, а многу малку на генетските промени, покажуваат последните истражувања. Пред четири генерации просечниот Швеѓанец имал исти шанси на живот и смрт како ловец од минатото. Но развојот на медицината, подобра хигиена и чистата вода за пиење значително ја намалуваат смртноста. Денес во богатите развиени земји како Јапонија, веројатноста за смрт на 72 години е еднаква на онаа на 30 години за ловецот во минатото,  пред 1.3 милиони години. Најголема разликата има кај младите,  до возраст од 15 години некогашните ловци имале 100 пати поголема шанса да умрат од човекот денес. „Во овој контекст е исклучително тешко да се прават претпоставки за иднината, човештвото е на почетокот на период на промена и никој не знае каква ќе биде следната стабилна фаза", вели шефот на студијата Оскар Бергер. Сепак многу научници претпоставуваат дека човекот го достигнал максимумот во зголемувањето на возраста. „Кривата на смртноста, во моментов е на најниското можно ниво, што покажува силна веројатност дека животот нема да може да се продолжува повеќе", вели Келб Финч, професор по неврогеронтологија. Наместо тоа, според него, трендовите на продолжување на животот ќе станат регресивни поради климатските промени, озонската загадување и зголемената телесна тежина, кои водат до се почести срцеви и онколошки проблеми.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти