24 Април, 2024
0.0310

Зимски одмор за речиси секое дете – предност за оние што најдолго време се социјалци!

Објавено во: Економија 01 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Почнува реализацијата на проектот зимски одмор за децата на социјалните категории луѓе. Илјада деца од петто до осмо одделение од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток ќе одмараат и ќе се рекреираат за време на зимскиот распуст во рамки на владиниот проект користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на 3.000 деца.

Услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик  и деца корисници на посебен додаток, како што информираше денеска на прес-конференција ресорниот министер Спиро Ристовски, опфаќа седум дневен одмор и едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и децата со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на услугата.

- Рангирањето на корисниците на услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток,  ќе се врши според бодови до 60 бода за времетраење на користење на правото, 30 бода за деца од еднородителско семејство и 10 бода за деца со инвалидност, истакна Ристовски нагласувајќи дека во случај кога лицата истовремено користат повеќе права, во рангирањето се зема правото кое е поповолно за корисникот. Во моментов во тек е зборот на сместувачките капацитети во кои што ќе реализира зимскиот одмор. За користењето на оваа услуга следната недела Министерството за труд и социјална политика ќе објави повик на националниот јавен сервис Македонска радио-телевизија, на веб страницата на Министерството и во Центрите за социјална работа, каде ќе бидат наведени потребните документи за аплицирање. Изборот на децата коишто ќе је користат услугата ќе го врши Комисија. - По завршување на целата процедура, центрите за социјална работа ќе ги информираат корисниците за користење на услугата, како и за местото на поаѓање во секој град, рече Ристовски. Министерството одвои осум милиони денари за реализирање на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток во периодот на зимскиот распуст од учебната 2012/13. -  Секое дете треба има можност да ужива во благодетите на летниот или на зимскиот одмор, нагласи министерто за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Во текот на летото, околу 2.000 деца одмораа во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга и во одморалиштето за деца „Пелистер“ во Битола

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата