ЖИВЕЕЛ ВО ГЕРМАНИЈА, НО СЕ ВРАТИЛ ВО РОДНИОТ КРАЈ: Вели дома е најубаво
Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2017
Адмир Ганибеговиќ по 16 години живот во Германија се вратил во Модрич во БиХ.
За време на војната заминал во Германија, каде во Минхен живеел како бегалец, но по враќањето во БиХ прво живеел една година во Сараево.
Сега е во Модрич и вели дека не го менува ниту за Минхен, ниту за Сараево.
Откако се вратил практично морал својата куќа да ја откупи од семејство кое живеело тука.
„Имам брат во Германија и тој вели дека утре би се вратил ако знае што ќе работи. Јас му велам да се врати овде и да работи. Каде и да си мора да работиш. Ништо нема да падне од небо. Во Германија колку и да заработиш, мораш да платиш кирија, автомобилите се скапи, осигурувањето е скапо, кој ќе ги чува децата и сето тоа се плаќа. Нашите луѓе мислат дека таму е мед и млеко, но каде и да си мора да работиш“ - вели тој.
Во Модрич отворил фирма која се занимава со преработка на огревен материјал.
Вели дека Германецот кај кого живеле им дал идеја за еден ваков бизнис.
Пораката на Ганибеговиќ е дека младите мора да бидат упорни и да ја планираат својата иднина во БиХ.