29 Март, 2024
0.0276

ЖИВЕЕТЕ ВО МАЛ ГРАД: Овие бизниси можат да успеат и во мала средина

Објавено во: Економија 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Бизниси во дејноста трговија на мало и големо, преработувачка индустрија, транспорт и складирање, сместувачки капацитети и сервисни дејности со храна, се идеи кои  освен на локално, регионално, успеваат и на национално ниво.

Ако почнете бизнис во некој од овие сектори можете да бидете успешни и во мали средини каде бројот на потрошувачи е помал, а воедно и нивната куповна моќ е помала за разлика од главниот град. Но,  проблем кој често се јавува е фактот дека во помалите места има јаз помеѓу побарувачката и понудата на работна сила. Немањето соодветен кадар ќе биде само еден од предизвиците за оние кои ќе се одлучат за почнување бизнис во помала средина.

Ова го покажува и истражувањето направено во Североисточниот регион кое Центарот за економски анализи го спроведе во рамките на проектот „Создавање на можности за вработување за младите од руралните средини".

За да опстанат бизнисите во помалите градови потребни им се решенија и иновативни пристапи за да, покрај предизвиците со малиот број на потрошувачи и малата куповна моќ, ги надминат предизвиците со недостаток на квалификувана според потребите работна сила, нестабилност на економските политики,  неефикасна државна администрација, недостаток на суровини и суровински материјали и високите фиксни трошоци“ – вели Игор Митевски од ЦЕА.

Покрај споменатите  предизвици според истражувањето компаниите во врска со недостатокот на квалификувана  работна сила го наведуваат и проблемот со неусогласеност на образовниот систем кон потребите и тоа главно за технички струки, како и според нивно видување постоењето на слаба мотивација кај младите за стекнување на средно образование во стручните и техничкиучилишта.

„Исто така проблем е и  задржување на работната сила на подолг период и високата стапка на обрт на работната сила, посебно кај младите како резултат на миграциите во и надвор од државата. Оваа појава е посебно изразена кај техничките работни места за кои е потребно практично искуство како што е работа со машини и механизација“ – додава Митевски.

Тој објаснува дека соочувањето со конкуренцијата е исто така еден од предизвиците на бизнисите и зависи од дејноста на бизнисот,и делокгругот на делување на бизнисот. Доколку бизнисот е со место на регистрација во помал град, а делува и  на национално ниво повторно станува збор за поголема конкуренција.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра