ЖИВОТ СО МИНИМАЛНА ПЛАТА: Да се покријат сите трошоци е претешко
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2017
Дел од српските медиуми направија истражување што може да се направи со минимална заработка од 22.620 динари во Белград и дали може да се помине месецот.
Голем дел од населението во земјата работи за минимална плата, а цените постојано растат.
Кириите се скапи, плус сметките кои мора да се платат.
Состојбата е алармантна, а секоја година во Белград се доселуваат околу 50.000 луѓе.
Со минималната плата во Србија не може да се изнајми стан во Белград, туку како алтернатива може да се изнајми соба и да се најде цимер.
Во некои делови на Белград соба чини 90 евра, а ако ја делите со цимер, ќе платите 45 евра.
Во оваа цена се сметаат и сметки, но во зима ќе платите плус 10 евра за струја.
Откако ова ќе го решите од минималецот остануваат 17.000 динари.
За мобилен телефон ќе одвоите 1000 динари, по што ви остануваат уште 16.000 динари, а со сите трошоци не сте расчистиле.