28 Март, 2024
0.0247

ЖИВОТОТ СЕКОГАШ ВРАЌА СО ИСТА МЕРКА: Кратка поука за правдата која е вредна за внимание!

Објавено во: Стил 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Си бил еднаш еден селанец кој му продавал путер на еден пекар.

Еден ден, пекарот се посомневал во селанецот и одлучил да измери и да види дали му дал точно еден колограм.

Имало и што да види-имало помалку путер отколку што му кажал селанецот. Толку се разбеснел што решил да го тужи.

Судијата го прашал селанецот дали употребува вага за мерење. Селанецот рекол: „Почитуван судија, јас сум прост човек. Не ги користам овие модерни ваги, но имам едноставен кантар“.

Судијата тогаш го запрашал да објасни како го мери путерот, а тој одговорил:

„Почитуван судија, многу порано пред пекарот да почне да купува путер од мене, јас секој ден купував килограм леб од него. Секој ден кога пекарот ќе го донесеше лебот, јас го ставам на еден крај на кантарот и измерам точно колку путер има на другата страна. Ако некој е виновен тогаш, тоа е пекарот.“

Наравоучение: Во животот се ни се враќа со иста мера. На некои луѓе непоштеноста им станала навика, така да повеќе не знаат ниту што е вистина. А кој тие лажат? 

Само самите себе.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи