24 Април, 2024
0.0769

Како да бидете силно мотивирани цело време?

Златното правило на мотивацијата

Објавено во: Стил 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Секој од нас си има свои стремежи и цели, и секој се свртел кон својот врв. Но, што е она што е заедничко помеѓу милијардите различни луѓе на планетата? Сите сонуваме еден ден да ги постигнеме своите соништа и цели. Некои успеваат да достигнат одреден врв и потоа си поставуваат други цели, други пак цел живот се водат од недостаток на волја и мотивација и  не успеваат да го достигнат она за што сонуваат. Всушност е многу тешко да се одржуваш мотивиран, ако работите  не се добиваат. Но ете тука е разликата помеѓу успех и неуспех - првите едноставно не се откажуваат!

Златното правило на мотивацијата или како да се држиме до целите и аспирациите 

Неуспесите и тешкотии секогаш се одразуваат на нивото на мотивација, како и на самата визија за целта. За да го задржите својот фокус треба да го прифатите фактот дека работите најверојатно нема да се добијат од прв пат и во никој случај нема да биде лесно. Треба да ги имате предвидат ризиците и можните проблеми кои ќе ве придружуваат на патот кон успехот.

Во што се состои концептот на „Златното правило“? Според него треба да си поставуваме цели, кои се на работ на силите и нашите способности. Со други зборови нема како да се задржиме мотивирани, ако целта која си поставивме е недостижна, но и ако е премногу лесна, брзо ќе изгубиме интерес.

Еден добар пример за лесно губење на мотивација се диетите. Речиси секоја жена (да не кажаме сите), а и мажи, барем еднаш во животот се обиделе да ја регулираат исхраната, за да го подобрат своето тело. Да кажеме дека краткорочната цел е да изгубите 5 килограми. 

Во раните денови на диетата, почитувајте ги сите правила строго и резултатите нема да доцнат. Тоа ве мотивира да продолжите напред. Но уште по неколку дена, знаејќи дека имате само уште 2-3 килограми за симнување се демотивирате, бидејќи целта е премногу лесна. Додека луѓето кои сакаат да согорат многу килограми си поставуваат цел, која е речиси на работ на нивните можности. Пред да започнат им се гледа невозможно да намалат 20 килограми, на пример. Но по некое време, гледајќи ги резултатите, вложуваат уште и уште напори за да ги достигнат границите на своите можности и да ги согорат сите оние килограми, кои им пречат. 

Во тоа се состои и концептот на „Златното правило“ - луѓето се мотивирани кога извршуваат задачи кои се на самиот раб на нивната способност, бидејќи тие бараат рамнотежа меѓу себе (личниот предизвик) и достигнување на далечната цел.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган