24 Април, 2024
0.0304

Значително е намалено загадувањето на едно од најстарите езера на светот

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Во езерото се враќаат автохтоните видови на риба како резултат на подбрувањето на квалитетот на водите од спроведената програма на УНДП и Општина Ресен финансирана од Швајцарската влада

„Потребни беа 15 години и 15 милиони долари ова да се случи, но конечно, по неколку децениско нарушување, се обновува состојбата на Преспанското Езеро“, изјави Постојаниот координатор на Обединетите нации и Постојаниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон за време на претпремиерата на документарниот филм „Езеро од јаболка“, оранизирана за уредниците на медиумите.

Преспа е едно од најстарите езера на светот и место со особено богата биолошка разновидност.

Повеќе од 2,000 видови на птици, риби и цицачи, од кои голем дел единствено може да се сретнат во Преспа, зависат од ова прекрасно, но ранливо живеалиште. Овој особено стар екосистем низ вековите издржувал бројни природни притисоци, но последните децении беа особено драматично по однос на нарушувањето на квалитетот на водите и опаѓањето на популациите на автохтоните видови.

Научните и стручните анализи ги издвојуваат неодржливите земјоделски практики како една од главните причини за нарушувањето на природната рамнотежа. Преку 70% од населението на регионот зависи од земјоделството, поточно од производството на јаболка. И додека животот на населението е тесно поврзан со состојбата на езерото, бројните земјоделски производители, без знаење, предизвикаа значителна штета врз екосистемот преку неконтролираната употреба на пестициди и вештачки ѓубрива, неефикасните методи за наводнување и внесувањето на различни типови на отпад во езерото, вклучувајќи илјадници тони на скапани јаболка.

Во комбинација со ефектите од ерозијата и непостоењето на одржливи решенија за управување со цврстиот отпад и отпадните води, овие практики придонесоа кон нарушување на состојбата на езерото, заканувајќи се на опстанокот на рибите и другите видови.

Уште од 2002 година, Швајцарската агенција за развој и соработка, Глобалниот фонд за животна средина и УНДП, ги здружија силите со Општина Ресен и бројни другипартнерите на локално и национално ниво, да го заштитат и обноват овој непроценливо вреден екосистем.

Целта на напорите беше да се заштитат природните вредности, овозможувајќи им притоа на земјоделските производители да заработуваат за пристоен живот. Резултатите покажуваат дека природата и локалните заедници можат заедно да се развиваат.

Надоврзувајќи се на цврста основа од мониторинг податоци, истражувања и сеопфатно планирање, програмата се фокусира на решавање на главните предизвици на животната средина на регионот и тоа преку: изградба на системи за управување со отпадните води, промовирање на одржливи земјоделски практики, зголемување на ефикасноста на наводнувањето, обновување на шумската покривка заради контрола на ерозијата и подобрување на заштитата на критичните живеалишта. Овие напори ги мотивираа првично скептичните жители, кои денес се посветени партнери на програмата.

Како резултат сето ова, дојде до трансформација на земјоделските практики. Интензивните обуки околу заштитата на овошките, ѓубрењето и наводнувањето, во комбинација со демонстративни насади и програма на грантови за поттикнување на усвојувањето на одржливи практики, ги даде следниве резултати:

  • Повеќе од 80% од земјоделците веќе ги применуваат методите на агроеколошкото производство
  • Употребата на вода за наводнување е намалена до скоро 60%
  • Користењето на пестицидите во просек е намалено до околу 30%
  • Илјадници тони на отпад кој завршуваше во езерото, сега се трансформира во висококвалитетен компост
  • Подобрен е квалитетот на водите и се обновуваат популациите на автохтоните видови на риба во езерото.

Покрај сето ова, во голема мера е намалено е испуштањето на нетретирани отпадно води како резултат на новите системи за управување со отпадните води

Она што е најмаркантно во врска со оваа програма е што е постигнат напредок во заштитата на природата без негативни влијанија врз приходите од земјоделските дејности. Земјоделските семејства успеаја да ги намалат производните трошоци преку примена на модерни технологии и практики.

Ентузијазмот од постигнатите резултати ќе биде од критична важност за идната заштита на Преспанското Езеро.

„Постигнувањето на рамнотежа помеѓу природата и луѓето е во основата на одржливиот развој“, изјави Луиза Винтон. „Искуствата стекнати од спроведувањето на програмата можат да се пресликаат и кај други слатководни екосистеми во светот, кои се соочуваат со слични предизвици.“

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!