24 Април, 2024
0.0269

ЗНМ и ССНМ со поддршка за „Утрински“ - Да се спречи притисокот врз новинарите

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Новинарските организации ЗНАМ и ССНМ побараа да се спречат притисоците врз новинарите на „Утрински“, да се почитуваат работничките права и да се задржат сите новинари на работните места. 

„Ние сме цврсто уверени и истакнуваме дека актуелната лоша економска состојба во компанијата и намалените тиражи на весниците најмногу се последица на слугинскиот однос на сопствениците на медиумите кон власта. Таквиот однос продуцира лоши деловни одлуки, меѓу другото и поставување „пожелни“ главни уредници, мешање во уредувачката политика и, на крај, производ – весник кој не е интересен за публиката. Затоа паѓаат тиражите. Затоа што сопствениците, за да бидат ценети кај властите, се дрзнуваат да запираат затворен весник во печатница и да менуваат насловни страници или, пак, да менуваат цели уредувачки тимови во тиражно успешни весници и за шест месеци да ги сведат тие весници на безвреден и неинтересен медиумски производ“, истакна Тамара Чаусидис претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Заложба за „Утрински весник“ пристигна и од Здружението на новинари.

„Упадот на институциите во медиумите треба да се спречи. Тоа е единствениот начин за да се развие медиумскиот пазар, кој иако мислиме дека го имаме, допрва треба да се развива“ изјави Насер Селмани претседателот на Здружението на новинари на Македонија.

Пораки за поддршка и критики кон раководството на МПМ пристигнуваат и од граѓанските невладини организации кои се залагаат за поголема медиумска слобода во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП