25 Април, 2024
0.1682

ЗНМ: Лани имало над 40 напади на новинари и ниеден од насилниците не е казнет

Објавено во: Финансии 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Здружението на новинарите на Македонија направи извештај за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во 2016 година. 

За безбедноста на новинарите, претседателот на ЗНМ, Насер  Селамни вели минатата година имало над 40 напади на новинари и ниеден од насилниците не е казнет.

Од ЗНМ велат дека од добиените податоци лесно може да се забележи дека Владата ги користи сите инструменти на власта да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Послушните медиуми, ги наградува со јавни пари „додека новинарите што ја критикуваат постојано ги напаѓа и ги изложува на разни притисоци“.

„Со жалење можеме да констатираме дека состојбата со слободата на медиумите минатата година се влошува во сите индикатори на истражувањето, како што е медиумско заканодавство и нејзина имплементација, вкупната професионална, економска и социјална состојба на новинарите како и нивната безбедност“ - беше кажано на денешната прес конференција на ЗНМ. 

Од ЗНМ реагираат и на непочитувањето на мораториумот за владини реклами од мај 2015 година, кој го нарекоа „формален“, и потенцираа дека јавните институции по разни основи продолжуваат да трошат сериозни средства во медиумите.

„Од собраните податоци се гледа дека министерствата и општините во Македонија лани имаат потрошено околу еден и пол милиони евра во печатените, онлајн и регионалните и локалните медиуми. Околу 400.000 евра се потрошени во првата половина од минатата година, додека над еден милион евра биле планирани да се трошат во втората половина“ - велат од ЗНМ.

Објаснуваат дека од 80 општини, само 42 дале податоци за планираните средства за трошење во втората половина од 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот