20 Април, 2024
0.0314

ЗНМ реагира за нападите на новинарите - колку инциденти имаат регистрирано?

Објавено во: Македонија 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Од Здружението на новинарите на Македонија изразуваат  длабока загриженост по вчерашните физички напади на новинарите во Собранието на Република Македонија. 

Од почетокот на 2016 година, па се до вчера, од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се регистрирани најмалку 21 напад на новинари. Овој број е само дел од неколкуте десетина напади во изминативе години. Ова е јасен показател за постојаниот пораст на нападите на новинари, додаваат од ЗНМ. 

Сакаме недвосмислено и цврсто да ургираме кај политичките партии и сите релевантни тела и авторитети да ги спречат сите понатамошни напади и да обезбедат сигурно опкружување за новинарите и слободата за изразување. Ги повикуваме судските и сите останати авторитети да престанат со сеприсутната практика на неказнивост. Македонските власти мора да спроведат брза и темелна истрага за сите случаи на напади кон новинарите. Политичарите треба да се воздржат од ширење на говор на омраза кој го поттикнува насилството кон новинарите. Да се почитуваат меѓународните конвенции за човекови права и слободата на изразување“ - велат од ЗНМ. 

Власта и опозицијата мора да ги почитуваат преземените обврски на Македонија за заштита на новинарите и да ја гарантираат слободата на интернетот, додаваат од ЗНМ. Македонските власти мора без никакво одложување да ги спроведат препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа за безбедност на новинарите (препорака 2016-4) и за слобода на интернетот (препорака 2016-5) кои се усвоени на 13 април 2016. Според овие стандарди, кое било додатно регулирање на медиумските содржини од страна на државата, е неприфатливо.

Меѓу главните причини за зголеменото насилство се: политичката клима, анти-медиумската реторика и поларизација која води кон крајно несигурно опкружување за новинарите, непостоењето на политичка волја за обезбедување услови за слободно и независно новинарство, државните институции и политичките чинители не превземаат никакви обврски за заштита на новинарите и слично. 

„Исто така ги повикуваме сите новинари сериозно да ја извршуваат нивната улога на чувари. Ги охрабруваме да ги пријавуваат случаите на напади, закани и вознемирувања и да поднесуваат жалби по истите. Новинарите би требало солидарно да застанат со нивните колеги, да соработуваат и да се подржуваат меѓусебно“ - наведуваат од ЗНМ. 

Македонските авторитети мора да се консултираат за кои било идни реформи во медиумскиот сектор со легитимните национални организации за промовирање на медиумски слободи и независно новинарство: Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). 

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра