19 Април, 2024
0.0256

ЗОНА М1 РАДИО: Забраната на ЗАМП ни донесе загуби на слушаноста и нарушен углед

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Загубите од забраната на ЗАМП за емитување на македонска, па и српска музика на македонските радио и ТВ станици почна да ги коси профитите на дел од македнските музички формати.

Дел од радио станиците во главниот град се жалат на нарушен имиџ и загуби од слушаноста.

„Премногу негативно се одразува забраната од ЗАМП за нас како музички формат на радио, слушателите се жалат на нас, клиентите ни откажуваат соработка, а нашите радио водители веќе еден месец си седат дома. Ни се наруши имиџот кој 20 години макотрпно го градевме и инвестиравме. Имаме огромни загуби од слушаноста, а нашите водители се принудени да се седат дома“, велат од ЗОНА М1 Радио за фактор.

Ова радио е познато по турбо фолк музиката овозможувајќи и на публиката да ужива во најновите домашни и ју хитови, од Цеца и Северина па се до Васка Илиева и Ефто Пупиновски.

Од ЗОНА М1 РАДИО сметаат дека одлуката на ЗАМП е неправилна.

„Македонската музика е нашиот идентитет, кој што ние медиумите и цела Македонија го плаќа, македонската песна никогаш не била забранета во историјата на оваа планета. 

11 Октомври бевме принудени да го поминеме без македонска музика, ѕвезденото небо на Тоше Проески несмеевме да го возвеличиме со македоснка музика. Ова е срам и безобразлук, а од друга страна не е ни фер, како може да се забрани само на телевизиите и радијата, а на јавните настани не“, додаваат од ЗОНА М1 Радио.

Наше мислење е дека никој не ги ни штити авторските права, гледате и сами колку копии има низ цел свет, а овие нашите се глумат демек штитат нечии права. Тие ги штитат само нивните џебови. ЗАПМ никаде во светот не треба да постои, можеби само некое регулативно тело да се знае кој е автор на тоа дело и  толку, секој изведувач го има платено тоа дело на авторот и што треба понатака да му се исплаќа дури и по 70 години за тоа дело? Па што да кажеме за народните херои што го полоќиле и животот свој, па тие треба илјадници години да имаат благодет“, порачуваат од ова скопско радио.

Најверојатно и забраната за пуштање на хрватска музика, која треба да стапи на сила од понеделник силно ќе ја погоди публиката на ЗОНА М1 радио имајќи го предвид фактот дека на нивната фрекфенција најчесто можеа да се слушнат хитовите на Северина.

Ирена Ставрова

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?