23 Април, 2024
0.0359

Зошто Брисел ќе врши ревизија на трошењето на европските пари во земјоделството?

Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финанасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги доставила бараните податоците за ИПАРД програмата 2007-2013 до Европската комисија. Од Брисел од каде што најавија ќе спроведат ревизија  во Агенцијата за менаџирањето со парите од ИПАРД програмите, бараа сет на податоци за имплементацијата на програмите. Од Платежната агенција велат дека се испратени само податоците само за ИПАРД 1(2007-2013) оти  ИПАРД2( 2014-2020) не е почната да се спроведува. При тоа посочуваат дека ЕК побарала да се достават следниве податоци:листана сите исплати заклучно со 31.12.2016 година,име на корисници со  адреса, локација на инвестиција,висина на исплатени средства од ЕУ  и од национален дел,

резултати од контролите на терен за исплатените инвестиции,број на добиени бодови за рангирање, листа на издадени и реализирани решенија за поврат за 2015 и 2016 година,национални прописи (законски  акти) за спроведување на ИПАРД Програмата,опис на управувачката структура во  Македонија надлежна за спроведување на ИПАРД Програмата.

„Агенцијата ги достави сите барани податоци до  Националниот координатор за авторизација при Министерство за финансии  и истите се доставени до Европска комисија, Генерален директорат за зејоделство, Оделение надлежно за „conformity audit“  за Ипард програмата 2007-2013. За ИПАРД Програмата 2014-2020 не  е доставено  ништо, од причина што истата не е почната да се спроведува бидејќи Повеќегодишната финансиска спогодба не  е потпишана , средствата формално не се ставени на располагање и не е објавен ниту еден јавен оглас од таа Програма оти  не е склучен титу еден договор и не е извршена ниту една исплата“, велат од Агенцијата.

Ревизијата е најавена за во јуни годинава. Европскито тим барал целосна достапност на вработените од македонската Платежна агенција во текот на ревизијата но и обезбеден транспорт за да може тимот на контролори да ги посетат добитниците на проектите од ИПАРД програмата. Дел од експертите Посочуваат дека изминатве одини Македонија не може во целост да ги искористи парите од европските фондови, поради што големи суми биле враќани назад.

„ Мислам дека се работи за посериозна контрола и дека треба да се утврдат проблемите и треба да  се види соодносот на  ефектите кои ги постигнува програмата.Во принцип станува збор за процедурална постапка по завршување на прогрмата ИПАРД 2007-2013, со тоа што проблемите во Македонија се поприлични и ќе се бараат повеќе информации за утврдување на состојбите. Мора да се земе во предвид што е претходната состојба, во годините наназад има слаба искористеност на средставата. Секоја година се повеќе средства се враќаат назад во буџетот на ЕК. Од друга страна Програмата е наменета да остварува цели на јавните политики во земјоделството и руралниот развој, а кај нас имаме проблеми со менаџирањето на средствата што резултира со поврат на средствата и многу битно е да се испита целата состојба за да се утврди кои се проблемите во менаџирањето.Веројатно има проблеми и во програмирањето на средствата за да се избегнат некои понатамошни проблеми.Сметам  дека треба сите аспекти да се земат во предвид за искористување на парите, бидејќи давани се препораки во изминатите години , но очигледно е дека состојбата не се подобрува туку се влошува. Во самите извештаи на ЕК се кажува дека голем број на вработени го напуштаат работното место во агенцијата, тоа се случи и со директорите на агенцијата , неколку директори се променија.Предпоследниот остана само неколку дена, па сега имаме нов директор,што укажува на некоја проблематична ситуација што мора да се разгледа“, вели Александар Колекески, од Македонскиот Центар за европско образование.

Од Платежната агенција посочуваат дека станува збор за редовна ревизија која секоја година се спроведувала во агенцијата.

„ЕК врши редовни ревизии на исплатените средства согласно потпишаната Секторска спогодба. До сега Агенцијата била субјект на разни видови ревизија, како финансиска (секоја година), утврдување на факти  ( 3  во  2011 и 2012 како почеток на спроведување на Програмата). Предметната ревизија најавена за јуни 2017 е ревизија на затварање на Програмата и сите земји корисници  на ИПАРД средствата се субјект на ваков вид на ревизија“, велат од Агенцијата.

Ревизијата од ЕК е најавена во период кога во Агенцијата се случуваат директорски смени.

Зошто нема интерес за парите од европските фондови?

Според извештаите од Европската комисија, Македонија не може во целост да ги искористи парите од ИПАРД фондовите. Дел од експертите велат дека постојат повеќе причини за слабата искористеност на парите од европските фондови.

„Поради слабата искористеност секоја година враќаме пари во ЕК.Така ако пред три години имало поврат од 11,5 милиони евра, па потоа 15,2 милиони, па 16,2 милиони , значи имаме еден прогресивен тренд на враќање на средства. Причините за слабиот интерес на земјоделците за искористување на парите од европските фондови, можат да бидат различни, но очигледно е дека има проблем. Мислам дека проблемите за слабата искористеност на парите комбинирани.Има проблем со применливоста на програмата колку таа е применлива, има проблем со начинот на кој се администрираат парите ,има проблем со легислативата, обемот на активности при аплицирањето е комплициран некој треба да им помога на земјоделците за да можат да ги користат тие пари. Од друга страна интересот на земјоделците е поголем за националната програма, односно за субвенциите“, вели Колекески.

Лани од Европската унија излегоа со податоци дека во последните неколку години биле изгубени 51 милиони евра од фондвите, поради што парите за ИПАРД 2 се намалени за разлика од тие што беа одобрени за ИПАРД 1. Во ИПАРД програмата што се спроведуваше од 2007 до 2013 година на располагање беа 85 милиони евра, а сега во втората програма за периодот од 2014 до 2020 година на располагање се  60 милиони евра.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари