Зошто ЕДС на Кочо Анѓушев побара раскинување на договорот со МЕПСО?
Објавено во: Економија 05 Октомври, 2017
Енерџи Деливери Солушнс информираше дека побарале спогодбено раскинување на договорот со АД МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија.
Станува збор за договор потпишан во декември минатата година.
Во барањето се наведува дека причината е избегнување на секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на компанијата, Кочо Анѓушев, за вицепремиер задолжен за економски прашања.
„Поради перцепцијата во јавноста дека функцијата Заменик претседател на Владата на Република Македонија и позицијата доминантен сопственик во компанијата која испорачува, односно продава електрична енергија на Акционерско друштво во државна сопственост како што е АД МЕПСО претставува судир на интерес, бараме Договорот да биде спогодбено раскинат и ЕДС ДОО Скопје да биде ослободен за испорака на електрична енергија за месец ноември 2017 година”- стои во барањето на компанијата доставено до МЕПСО.