25 Април, 2024
0.0412

Зошто февруари е најкраток месец во годината?

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во епизодата „It’s Okay To Be Smart“ водителот Џо Хенсон објаснува поради што токму месецот февруари има 28 дена (и привремено 29).

Ромул, според легендата на еден од основачите на Рим, кој владеел од 753 до 715 година пред новата ера, имал пред себе еден проблем. Со се поголемиот број на фестивали, гозби, различни воени церемонии и религиозни прослави, Ромул имал потреба од календар како би организирал се.

Така и Римјаните го прифатиле лунарниот календар. Кај Римјаните тој имал само десет месеци, почнувал со март а завршувал со декември. Проблемот со тоа било што годината имала помалку 61,25 дена, па Римјаните ја сметале новата година од полната месечина пред пролетната рамнодневица.

Другиот крал на Рим, Нума Помпиј, го променил овој систем. Парните броеви претставувале лоша среќа, па Нума отстранил по еден ден секој месец кој имал 30 дена. Тој исто така сакал неговиот календар да се поклопува со сите 12 месечни циклуси, што било 354 дена. Бидејќи и тоа било парен број, Нума го заокружил бројот на денови на 355.

Преостанатите денови ги поделил на два месеци (јануари и февруари) и ги поставил на крајот на годината. Така февруари добил 28 дена, што било парен број, но бидејќи бил месец посветен на духовното прочистување, на Римјаните не им сметало.

Ниту еден од овие два календари, според повеќето карактеристики, не се поклопува со денешниот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган