24 Април, 2024
0.0289

Зошто Грција го одложи судењето на поранешните вработени во тајната служба Грујевски и Бошковски?

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Вторник е денот кога соседните служби ќе им судат на македонските бегалци.

Грција вчера го одложи судењето на екс вработените во Петтата управа Горан Грујевски и Никола Бошковски со образложение дека немало преведувач од грчки јазик на македонски јазик.

Пред лицето на грчката правда двајцата бегалци по кои МВР речиси повеќе од 80 дена трагаше со меѓународна потерница беа изведени вчера а Грција реши да ги гони  Грујевски и Бошковски за лажни патни исправи.

Да потсетиме дека пред три дена околу 15 часот Грујевски и Бошковски беа уапсени на аеродромот во Солун. Ги издале фалсификуваните пасоши кои не биле изработени добро, а оттаму тие планирале да летнат кон Будимпешта.

Македонските служби веќе покренаа постапка за екстрадиција, а дел од грчките медиуми пишуваа дека екс функционерот и вработениот во УБК може да бидат депортирани во државата кон крајот на ноември или на почетокот на декември.

Се дотогаш, Грујевски и Бошковски кои Специјалното јавно обвинителство ги гони за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување ќе бидат во притвор во соседна Грција.

И официјално, македонското Министерството за правда и МВР добија известувања од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски  .

Можеби ќе ве интересира

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела