18 Април, 2024
0.0509

Зошто Хилари Клинтон ги изгуби изборите од расистот, сексистот и националистот Трамп

Објавено во: Анализа 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Поразот на Хилари Клинтон ќе влезе во политичката историја и ќе се учи како пример на факутелтетите за политикологија. Хилари од речиси добиена позиција успеа да прерасна во најголем губитник во поновата историја на САД. Се поставува прашањето што е клучно за поразот на демократите на овие избори кога и добар дел од републиканците не сакаа јавно да му дадат поддршка на Доналд Трамп кој сметаа дека е опасен за нивната партија.

Проблемот на Хилари Клинтон е што во цели 3 месеци на директна кампања против Доналд Трамп не наметна своја визија за државата, не вети ништо спектакуларно ново и подобро, освен што се залагаше за генерални придобивки за средната класа и поголема правичност кон сиромашните граѓани.

За разлика од Берни Сендерс кој беше премногу енергичен и умешен во привлекување на младите гласачи и прогресивната сила на САД, Хилари премногу блиски се држеше до елитите, се надеваше на преголема поддршка од Холивуд и лејт најт политичките сатиричари. Таа не презема никакви конкретни чекори да ја прифати платформата на Берни Сендерс за социјална револуција, за криминален прогон на корумпираните финансиери и банкари од Вол Стрит, не се заложи за повисока минимална плата, не гарантираше бесплатно образование, социјална и здравствена заштита. 

Хилари премногу чекаше Трамп самиот да се удави, уживаше во неговите скандали со протечени аудио снимки каде раскажува како и се пуштал на омажена жена и само чекаше јавноста да го осуди за непримерните навреди кон мигрантите, малцинствата и муслиманите.

Според анализата на демографијата добар дел од младите и образованите граѓани гласаат за Хилари Клинтон и таа убедливо ја доби поддршката од малцинствата, но „белата“ Америка, средната класа која се мачи за да преживее, работничката класа која е целосно обесправена и жителите на субурбаните делови на Америка воопшто не и поверуваа на „старата лисица“ која со децении води политики во Вашингтон. 

Трамп се наметна како безобразен дрдорко кој нема скруполи да ја каже суровата вистина и тоа на американците им се допанда, особено напаѓајќи ги мигрантите и муслиманите како главни виновници за нивната лоша економска состојаба, намалениот број на работни места и се почестите закани од тероризам или насилен криминал. 

Гласачите на САД му удрија шамар на политичкиот и економскиот естаблишмент кој повеќе од 10 години ја остави земјата во пат позиција. Целиот гнев се истури на овие избори, се дозволи повторно расизмот и сегрегацијата да испливаат на површина бидејќи Хилари не влеваше доволно доверба дека може да ја игра улогата на обединител на нацијата, како кандидат кој е доволно прифатлив и за демократите и за републиканците. 

Секако, ова е и добра лекција за Демократската партија која стори се за Берни Сендерс, социјалистот и револуционер да не ја добие номинацијата иако во раните прелиминарни анкети сосема јасно беше дека тој може да го смачка Трамп со 10% разлика во испитувањата.

Демократите во само еден ден ја изгубија Белата куќа, како и Капитол хил каде Републиканците освоија двојно мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом и со таа политичка моќ ќе можат целосно да ги спроведат своите агенди, но и да го контролираат Доналд Трамп ако претера со своите детски настапи и малициозното сфаќање на политиката. 

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза