28 Март, 2024
0.0264

Зошто и каде затаија безбедносните процедури на НЛБ?

Објавено во: Економија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Многу прашања засега немаат одговори за последниот грабеж на НЛБ банка, најголем во историјата на Македонија. За миг исчезнаа 3 милиони евра од трезорот на банката во центарот на Скопје. 

Осомничено е едно лице, скопјанецот Бобан С. (40 години), кој бил вработен во НЛБ. Дали тој е крадецот од истрагата не откриваат, но она што е познато е дека парите ги нема. 

Прашањата кои надвиснуваат над овој грабеж кој како доаѓа од серијалот „Најглупавите криминалци“, со оглед дека осомничениот набрзо беше приведен, се следниве: Како е можно арамијата да го ограби трезорот во работно време без никој да го забележи? Какви се безбедносните процедури во банката? Дали имал помагачи? Каде ги сокрил парите? 

Од МВР даваат само штури информации со оглед дека истрагата е во тек. Оттаму не соопштуваат дали Бобан С. Бил уапсен или самиот се предал. Според официјалните информации, директорот на трезорот на НЛБ во понеделникот неколку минути пред 17 часот се јавил во полицијата и ја пријавил кражбата. Нивниот вработен зел 2 милиона швајцарски франци, како и 270.000 евра одтрезорот и незабележан од никого, со кесата со пари, ја напуштил банката. Околу 19 часот во ПС Kисела Вода е приведен осомничениот и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.

Официјално соопштение во врска со грабежот издадоа од НЛБ банка, од каде што уверуваат дека парите на клиентите се безбедни.

„Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности. Во моментот соработуваме целосно и активно со надлежните власти. Соработката е конструктивна и многу професионална и се надеваме на брз и позитивен исход од истрагата. Уверено можам да изјавам дека, настанот нема влијание на секојдневното тековно работење на Банката и НЛБ Банка АД Скопје ја продолжува својата успешна работа, како креатор на современи и сигурни банкарски услуги за нашите клиенти, истовремено постигнувајќи одлични финансиски резултати, како и досега“,  вели директорот Антонио Аргир.

Според организационата структура на НЛБ банка, трезорот спаѓа под секторот за работа со готовина и депо. Извори од банката велат дека работата на трезорската служба е регулирана со правилници и точно се знае колку вработени има и кои се тие. Кога смее и како да се влегува во трезорот, а тука се и лицата од обезбедувањето кои го чуваат кешот на банката. 

Тогаш како е можно осомничениот да ги изнел парите во кеса и никој да не го забележи?

Според извори од истрагата, или Бобан имал помагачи внатре од банката или планот го разработувал подолг временски период. 

Грабежот во НЛБ банка е најголем во Македонија и и прв ваков каде што само еден човек  успеал да украде толкава сума.

Во сите досегашни грабежи на банки или пошти парите не се најдени. А, стануваше збор за сума од над 10 милиони евра. Каде се парите од НЛБ и дали крадецот успеал да ги предаде на некое друго лице ќе покаже истрагата.  

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?