25 Април, 2024
0.0376

Зошто Кинезите се заинтересирани за изградба на каналот Белград-Скопје-Солун?

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Двете соседни земји не покажуваат посебен интерес за проектот кој по 100 години го оживеа српската влада, но како заинтересирана страна се појави Кина, пишува српкиот весник „Новости“. Пред се би можело да стане збор за економски интерес, бидејќи ако земе учество во проектот Кина би ги вработила своите големи фирми, како и голем број луѓе. Кинезите исто така сакаат да ги продаваат  своите производи на територијата на Европа на својот најголем пазар - Европската унија, анализира весникот. Дека најголем интерес за влегување на Кина во големиот проект имаат токму кинеските компании посочи и Џу Лијенши, советник за економија во кинеската амбасада. „Овој проект ќе биде голема економска можност за нашите компании, а најзаинтересирани се „ Чајна Џезуба груп корпорејшн“,  која ја градеше најголемата брана во Кина “, изјави Жу за „Новости“. Тој истакна дека српската и кинеската влада се уште не направиле конретен договор за изградба на каналот на Морава. Српскиот миностер пак , Милан Бачевиќ, според кој изградбата на Каналот е стогодишен српски сон, вели дека интересите на Кина во овој проект се повеќекратни. „Ним им е важно дека нивната стока преку овој воден систем може многу полесно и поевтино да стигне  до Централна и Западна Европа. Една голема држава, која има толку многу пари и која сака да вложува во големи проекти, нема да ја пропушти оваа шанса. Прашање е дали таа можност, под уште поповолни услови и може да ја понуди и некој друг. За тоа допрва ќе треба да се зборува ", вели Бачевиќ. „Оној кој ќе биде дел од каналот на Морава во Србија, без огледа на сопственичкиот договор, тој ќе биде геополитички и геостратешки присутен во Европа“, изјави српскиот Министер за Новости.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“