26 Септември, 2016
0.8789
    ALK 5385.56    0.39%     FERS 41116    0.83%     GRNT 527.84    1.95%     JUGO 825    -2.94%     KMB 2405.19    1.07%     LOTO 127    35.11%     MPT 23985.4    1.2%     MTUR 3417.37    -0.67%     OHB 3250    0%     PPIV 30466.67    -0.11%     RZLE 11    0%     RZLV 16    0%     SBT 1250    0%     STB 530    -0.93%     TNB 7500    0%     TPLF 831.95    3.22%

Зошто Крим е толку важен за Русија што е подготвена да војува?

Објавено во: Свет 01 Март, 2014

Полуостровот Крим, кој излегува на Црното Море, е автономна република во состав на Украина. Неговата историја е проткаена со политички тензии. Тој полуостров некогашниот руски претседател Никита Хрушчов го подарил на Украина во 1954 година. Повеќето жители таму сèуште се изјаснуваат како Руси, иако не треба да се занемари дека 1/3 од населението на Крим се Украинци, а остатокот се кримски Татари кои се изразено антируски определени како резултат на репресиите што ги преживеале за време на Сталин. Мнозинството на Крим во 2010 година гласаше за претседателот Виктор Јанукович и повеќето жители на овој полуостров веруваат дека тој е жртва на државен удар. Сепак, пред почетокот на немирите во Киев, власта на Јанукович не уживаше преголема доверба на Крим. За Русија, Крим е важна точка од неколку причини. Пред сè, се работи за полуостров кој некогаш и припаѓал на Русија и во кој мнозинството жители се Руси. Освен ова, таму се наоѓа најважната руска поморска флота, стационирана во Севастопол. Нивната база е таму веќе 230 години - бродовите и подморниците се наоѓаат северно од Турција, на многу важна стратешка точка од која имаат излез на Средоземното Море. Под многу контроверзни услови, Русија доби продолжување на дозволата за стационирање на нејзината морнарица на Крим до 2042 година, а спорната одлука ја потпиша токму Јанукович. Стратешката позиција на Севастопол на картата на светот не може да биде подобра - со излезот на Средоземното Море за Русија се отвораат вратите кон Блискиот Исток. И додека очите на целиот свет беа свртени кон Киев, полуостровот Крим беше целосно занемарен и чекаше како темпирана бомба. Токму ова место во текот на историјата беше централна точка во која се договараа граници. Кон крајот на Втората светска војна сојузничките лидери Френклин Рузвелт, Винстон Черчил и Јосиф Сталин се сретнале во кримското одморалиште Јалта за да ја поделат Европа. Тој состанок потоа беше и почеток на Студената војна.  

Можеби ќе ве интересира

Пукање и силна експлозија во Малме, има повредени

Пукање и силна експлозија во Малме, има повредени

Никој не очекува чиста дебата меѓу Трамп и Хилари Клинтон

Никој не очекува чиста дебата меѓу Трамп и Хилари Клинтон

Кого преферираат Британците, Меј или Камерон?

Кого преферираат Британците, Меј или Камерон?

Швајцарија е "за" прислушувањето и "против" повисоки пензии

Швајцарија е "за" прислушувањето и "против" повисоки пензии

Меркел се сети - воведува ограничување за бегалците

Меркел се сети - воведува ограничување за бегалците

Застрелан писател во Јордан - го исмевал исламот

Застрелан писател во Јордан - го исмевал исламот

Девојче ја крена германската полиција на нозе за да ја посети баба и

Девојче ја крена германската полиција на нозе за да ја посети баба и

Хакерски скандал го тресе Кралското семejство во Велика Британија

Хакерски скандал го тресе Кралското семejство во Велика Британија

Француски тинејџерки се координирале со ИСИС за нови напади

Француски тинејџерки се координирале со ИСИС за нови напади