20 Април, 2024
0.1541

Зошто „Македонијатурист“ ја преполови оперативната добивка за пет години?

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Ќе го вклучи ли некој црвениот аларм во „Македонијатурист„? Оперативната добивка (за првите 9 месеци) во 2013 година била 113,4 милиони денари, до сега континуирано паѓа и сега на крајот на септември е 55,6 милиони денари. Преполовен ли е бизнисот на најголемата македонска хотелиерска компанија?

„Македонијатурист“, најголемата хотелиерска компанија во земјава, има драстичен и драматичен пад на оперативната добивка во период од пет години, покажува споредбата на официјалните податоци на таа компанија.Ова е многу сериозен аларм ако се знае дека оперативната добивка е најважен индикатор за виталноста на секоја компанија, нејзината пазарна експозиција и нејзината конкурентност.
 Официјалните бројки за првите девет месеци во секоја од последните пет години покажуваат дека оперативната добивка на „Македонијатурист“ континуирано паѓа.

Кој ќе даде дијагноза и терапија за оваа „крвна слика“?

Падот е запрепастувачки и зачудува зошто акционерите на „Македонијатурист“ воопшто и не зборуваат, а не да предлагаат солуции за решавање на овој најгорлив проблем на македонскиот хотелиерски гигант. „Македонијатурист“ во својот состав има 7 хотели од кои активно работат 5 и тоа: „Холидеј Инн, Бест Вестерн, Турист, Белви, Карпош и Водно. 
Податоците се поразители : од оперативнат добивка која изнесуваше  113,4 милиони денари во 2013 година (за првите деве месеци) до ниво од 55,6 милиони денари оваа година. Во сиот овој период паѓаат и приходите од продажба односно се осипува бизнисот со угостителски и хотелиерски услуги. Во 2013 година приходот од продажба на домашниот пазар е 307 милиони денари (речиси 5 милиони евра) за девет месеци, а оваа година приходот од продажба е 226,9 милиони денари.. Но споредбата на падовите на приходите од продажба и падот на оперативната добивка не соодветствуваат. Многу порапиден е падот на оперативната добивка. Ако се знае дека суштински во секој бизнис оперативната добивка е најважен индикатор во „крвната слика“ на компанијата, а неговите параметри во „Македонијатурист“ покажуваат драстичен пад, можеби е крајно време некој повикан да даде „дијагноза“ и да постави „терапија“ која ќе го крене на нозе македонскиот хотелиерски џин.

Ќе потегне ли мерки големиот акционер „НЛБ Нов пензиски фонд“?

Идните пензионери, кои уплаќаат средства во пензискиот фонд на НЛБ Банка имаат значаен стек акции со право на глас во „Македонијатурист“. Портфолио менаџерите на овој фонд водејќи се од тоа најдобро да ги вложат парите на идните пензионери купија околу 9 отсто од сите акции со право на глас во „Македонијатурист“. Оценката беше дека компанијата има ресурси кои на долг рок ќе носат сигурни и солидни приноси за вложените средства. Фактот дека оперативната добивка на „Македонијатурист“ значајно паѓа и дека е преполовена за 5 години веројатно ќе иницира овој голем акционер да бара промени и освежување во деловната политика на „Македонијатурист“.



Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите