29 Март, 2024
0.0252

Зошто Меркел вели дека Европејците мора да ја земат судбината во сопствени раце?

Објавено во: Свет 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Европа веќе не може да целосно да се потпира врз нејзините сојузници, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел. 

Oбраќајќи се пред околу 2.000 луѓе на изборен митинг во Минхен, Меркел  директно не го посочи  претседателот на САД,  Доналд Трамп, ниту пак меѓународните несогласувања околу трошоците за одбрана или за политиката за климатските промени.

Затоа, како што додаде, Европа не може повеќе „целосно да зависи“ од САД и Британија.

Наведувајќи дека е важно да се задржат пријателските односи со овие две земји, таа додваа  дека Европејците мора да ја земат својата судбина во „сопствени раце“.

Меркел индиректно ги наведе критиките од Трамп за финансирањето на НАТО и борбата против глобалното затоплување:

„Времињата кога можевме директно да сметаме на другите, се завршени во одредена мера. Тоа го искусив во изминативе неколку денови“ - вели таа. 

Нејзините коментари дојдоа по неуспехот на земјите од Г7 да се договорат околу климатските промени и по острите критики на Трамп во Брисел за трошоците за одбрана на членките на НАТО.

Тој пред заминувањето од Сицилија, каде што се одржуваше самитот на Г7 уште еднаш повтори дека Соединетите држави плаќаат многу повеќе од другите земји во НАТО.

Трамп по враќањето од Европа во неделата на Твитер напиша:

„Штотуку се вратив од Европа. Патувањето беше голем успех. Напорна работа, но со големи резултати“.

За време не деветдневната прва негова турнеја во странство како претседател на САД, Трамп освен во Европа, престојуваше и во Саудиска Арабија и Израел.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест