23 Април, 2024
0.0278

Зошто МИТ Универзитетот се најде на удар на Зврлевски?

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Уште рано утрото почнал претресот на трите деловни објекти на „МИТ“ универзитетот во Скопје, како и куќата на сопственичката Билјана Апостолова и домот на нејзините родители во Македонски Брод. Обвинители од Основното јавно обвинителството со изготвен налог, засилени со инспектори од Управата за јавни приходи и од Министерството за образование, побарале асистенција од полицијата и вчера упаднале во универзитетот. 

На увид ја барале целата документација поради сомневање дека „МИТ“ работел незаконски. Од основното јавно обвинителство за 24 Вести изјавија дека отворена е истрага и се прибираат докази за случајот. 

Јавен обвинител издаде наредба полиција да изврши претрес на повеќе објекти кои му  припаѓаат на МИТ универзитетот. Се вршат претреси со цел да се прибават документи и други предмети што би се користеле како докази во кривична постапка, велат од обвинителството на Марко Зврлевски. 

Сопственичката Апостолова во јавноста се огласи дури вечерта, бидејќи таа и вработените цел ден биле држени во Универзитетот, додека обвинителите и инспекторите ги претресувале документите.

Апостолова во акцијата на Обвинителството гледа политичка хајка, зад која како што рече, стои лично дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов. Тој до пред неколку месеци беше вработен како професор на овој универзитет, каде предаваше цели пет години. Од „Мит“ не си замина доброволно, туку со отказ, па според Апостолова целата операција е масло на Андонов.

„Ако Оливер Андонов, кој ни ја испрати првата инспекција на МИТ универзитет, смета дека МИТ работел неправилно и противзаконски, тој заедно со нас е исто виновник за незаконското и неправилното работење. Пет години да работиш на МИТ универзитет тогаш си соучесник во сите злодела кои сега сакаш да ги наметнеш на нас. За сите сегашни и идни дејствија кои тој ги подготвува, сакам да му порачам дека ниту се плашам ниту ќе се плашам. Работиме според законот и бараме акредитации за факултетикои одамна требаше да ги добиеме“, вели Апостолова.

Сопственичката посочува дека Државниот просветен инспекторат од февруари до сега извршил 13 инспекции во Универзитетот но дека притоа не било најдено ништо.

Заменик министерот Андонов ги демантира обвинувања на Апостолова и тврди дека не знаел дека се спрема акција во неговото поранешно јато. Андонов уште додава дека од „МИТ“ Универзитетот си дал самиот отказ.

„Ги отфрлам обвинувањата како неосновани и се чисти дезинформации и лаги. За постапката дознав утринава по службена должност, не знам за какви сомневања се работи и намерно не инсистирав да ми кажат детали. Не сум добил отказ, туку јас си заминав од МИТ поради мобинг“, изјави за 24 Вести дополнителниот заменик министер Оливер Андонов.

Од „МИТ“, рече Апостолова биле одземени документи и компјутери, но никој од универзитетот не беше изведен со лисици на рацете. Таа најави дека

МИТ ќе продолжи со работа, без разлика на акцијата на обвинителството.

МИТ универзитетот долго време не можеше да добие акредитација за одредени факултети. Сопственичката Апостолова, која често во јавноста упатуваше критики кон власта, изјави дека се сомнева дека се работи за опструкции од власта против универзитетот.

Еразмус – акција против корумпирани професори или хајка кон непослушните?

Точно четири месеци претходно, на шести јуни, Основното јавно обвинителство засилено со специјалци влезе на автономната територија на најстариот универзитет Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Во акцијата со кодно име Еразмус, беа приведени шест професори од Економскиот факултет, демонстратор и сопственикот на бифето на факултетот. Освен примање пари, според обвинителството, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит.

По акцијата од обвинителство сопштија дека еден од професорите е фатен на делододека примал поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период.

За тоа што барале обвинителите и инспекторите и што нашле во „МИТ“ Универзитетот, јавниот обвинител Зврлевски трева да соопшти во најскоро време. 

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост